Македонија бара повторна истрага за паѓањето на „кингерот“

Од:

Македонија бара повторно отворање на истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, негови соработници и екипажот .

Во петокот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, од својот босански колега Дамир Хаџиќ побарал потворно отворање на истрага и формирање мешовита работна група.

Јанакиевски му доставил и документ со нови сознанија поврзани со несреќата.

Босанскиот министер за комуникации и сообраќај го прифатил предлогот истакнувајќи притоа оти завршувањето на истрагата е во интерес на Босна и Херцеговина, а со тоа и завршувањето на шпекулациите во врска со причините за несреќата.

„ Договорено е да се формира заедничка работна група составена од експерти од Република Македонија и Босна и Херцеговина, која до крајот на септември треба да изготви извештај’, сооптши Министерството за транспорт и врски.

Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство, ги отвори швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос.

Несреќата се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротмиље во близина на Мостар. Животот го загубија претседателот Борис Трајковски, Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов