А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија атрактивна за туристи од Канада, Австралија, Јапонија и Јужна Кореа

by А1он02/04/2015 - 15:32114
Share0

Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, во наредните шест години ќе биде туристичка дестинација број еден за Јапонија и Јужна Кореа. Земјава е веќе и на туристичката мапа во Австралија, Канада, Израел, Германија, Холандија,…, беше речено денеска пред годишното собрание на Асоцијацијата на туристички агенции за дојдовен туризам (АТА ДМ) која одбележува една година постоење.

Добивај вести на вибер

– Сега е шанса за Балканот, во наредните шест до 10 години. Многу туристи сакаат да го посетат, го доживуваат како посебно интересна дестинација, рече директорот на Агенцијата Александар Коневски.

Презентирајќи ги резултатите од работата, Коневски нагласи дека во изминатите 12 месеци колку што постои Асоцијацијата, реализирани се вкупно 46.000 ноќевања, организирани се учества на саеми во Лондон, Берлин, Римини, Келн,…, и се остварени контакти со тур-оператори од Австралија и Азија.

– Нашата цел е обединување на агенциите кои работат дојдовен туризам за форсирање хотелите, водичите, превозниците да даваат подобар квалитет, да настапуваме заеднички со единствена цена и услуга, истакна Коневски.

Засега, освен т.н. кружни тури кои се најголем дел од понудата на АТА ДМ и кои се спроведуваат во соработка со другите земји од регионот, атрактивен е и алтернативниот, планински туризам. Годинава е најавена посета на велосипедисти од Канада, Израел и Холандија кои ќе возат по патеките на Галичица и Шар Планина. Во однос на гостите, предничат оние од Турција.

– Главно работиме кружни тури кои почнуваат со тридневен престој во Македонија (еден ден во Скопје и два во Охрид), од каде потоа се патува за Будва, Дубровник, Сараево и Белград. Но, размислуваме за проширување на понудата со маунтбајкинг. Разговаравме и со Албанците за правење заедничка понуда која би вклучувала дводневна посета на нивните погранични градови и уште два дена разгледување на Охрид, рече директорот.

АТА ДМ ќе прави и бренд од типот на трип адвајзер. Секој објект, како што објасни Коневски, ќе добие знак (нелепница) „препорачано од Асоцијацата“, правен според анкети на гостите кои го посетиле.

Првпат учествуваме на Ритекс, место на кое доаѓаат купувачи од цел свет.

Агенцијата е формирана на 27 март 2014 година. Денес брои 12 редовни и околу 30 асоцијативни членки.

– Со создавањето на АТА ДМ се доби на квалитет и туристичката индустрија делува посплотено. Нејзините членки сериозно придонесуваат во афирмацијата и претставувањето на Македонија надвор, нагласи директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски.

Културното наследство и природните убавини, додаде, и натаму се клучните предности по кои Македонија е препознатлива.

turizam

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Предраг Петровиќ20/08/2025 - 17:03

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 19:35

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски29/12/2023 - 08:0129/12/2023 - 08:03

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 10:2328/12/2023 - 10:32

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 15:1421/07/2023 - 16:25

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он02/09/2021 - 16:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен