Македонец преку фантом-фирма затаил околу два милиони евра во Хрватска и побегнал

Од:

Oбвинителството во Осиек поднесе обвинение против Ице Г., македонски државјанин, осомничен дека затаил повеќе од 15 милиони куни (околу 2 милиони евра). Измамникот со фантом-фирма вршел милионски трансакции без да биде даночен обврзник, а од државата наплаќал ДДВ за продажба на житни култури на неколку “човек-фирми“ во Осијек основани од македонски и српски државјани.

Обвинението го товари Македонецот дека од 01.01.2015 до 31.12.2016 година во Осиек, како директор и одговорно лице на компанијата Tibia j.d.o.o. од Осиек, намерно го оштетил државниот буџет, иако компанијата не била регистрирана како обврзник на данокот на додадена вредност и не била овластена да издава фактури со наведениот данок на додадена вредност, пишува Глас Славоније.

Тој се товари дека издавал излезни фактури со наведен данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен, маслодајна репка и други земјоделски култури, производи и ѓубрива. Потоа не поднел даночна пријава ниту платил данок на додадена вредност на вака издадените фактури во вкупен износ од 15.750.262,89 куни, поради што фирмата Tibia j.d.o.o. не го платила доспеаниот данок на додадена вредност во тој износ.

Како што се наведува во образложението на обвинителниот акт, од прибраните податоци е утврдено дека Tibia j.d.o.o. од 11 јули 2014 година е запишана во регистарот на даночни обврзници. Основана е од Ице Г. како единствен основач и лице овластено за застапување, со дејност купување и продавање стоки и давање услуги во трговијата. На 30.10.2018 година фирмата е избришана од судскиот регистар. Утврдено е и дека „Tibia“ никогаш не вршела деловна активност на регистрираната адреса, туку дека таму има облакодер, ниту пак на таа адреса има деловни простории каде што може да се врши регистрирана дејност. Со проверките е утврдено дека даночниот обврзник немал отворена трансакциска сметка, ниту пак некогаш поднел барање за упис во регистарот на даночни обврзници со додадена вредност.

И покрај обидот да му се предаде на Македонецот одлука за истрага и покана за распит, државното обвинителство на општината Осиек не можеше да го стори тоа, бидејќи не беше можно да се достави решението и да се повика на познатата адреса на неговото живеалиште.

Обвинителството бара судот да му суди во отсуство.

Би можело да ве интересира

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Кривична пријава против жител на Кондово за „затајување” и „фалсификување или уништување деловни книги”

A1on

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

A1on

Обвинети двајца поранешни државни функционери, проневериле и переле пари од ИПА фондовите

Жарко Настоски