Кривична пријава против жител на Кондово за „затајување” и „фалсификување или уништување деловни книги”

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) од с.Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27.07.2022 до 09.09.2022, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе, по што книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставил кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка. На тој начин тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе