„БИРН-Албанија“, со поддршка на амбасадата на САД во Република Албанија, во градот Бурел организираше тркалезна маса посветена на прашања од новата територијалната поделба на земјата.
Преставникот на македонско малциство, претседателот на Македонското друштво “Илинден” од Тирана – огранок за Голо Брдо, Ули Халилај, ги истакна проблемите со кои се соочува македонското население во Голо Брдо, како и во останатите краеви на Албанија.
Халилај рече дека со реформите во локалната администрација, етничките Македонци во Албанија се ставени во нерамноправна положба и се заложи планерите да остават барем уште една општина во Голо Брдо, по примерот на единствената во Пустец.
Извор: Мета