Традиционално во Мисисага, Канада, Македонците со потекло од Мала Преспа кои што живеат во Канада и САД, по шести пат, изминатиот викенд организираа македонска вечер по повод православниот празник „Св.Архангел Михаил”.
Владимир Терпо македонски иселеник од Мала Преспа кој што живее во Канада за весникот „Македониум“ изјави дека гостите се дружеле до доцна во ноќта со македонски песни и ора со групата „Бисер Торонто”.
– Веќе станува традиција еднаш годишно, Македонците со потекло од Мала Преспа кои живеат во Америка и Канада да се собереме заедно за православниот празник „Св.Архангел и Михаил”. Овој ден претставува добро можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден кра, изјави Владимир Тeрпо за весникот „Македониум“.
Според него, по1991 година за Канада и САД емигрираа значителен број на Македонци од Мала Преспа.