Македонци уапсени во Хрватска за измами, украле околу 26 илјади евра

Од:

Двајца македонски државјани се упасени под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни, соопшти сплитската полиција.

Станува збор за лица на возраст од 76 и од 68 години од Македонија кои извршиле пет кривични дела измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примостен.

Двајцата Македонци чекале пред банки, пошти, болници и приоѓале главно на повозрасни лица. Се преправале дека се странци кои имале сообраќајна несреќа. Еднот глумел дека е од Израел, а другиот од Шведска.

На жртвите им барале помош со преводот околу исплаќањето на наводната оштета. Потоа приказната доаѓала до продажба на лажни златни часовници. Лажниот Израелец потоа почнувал да раскажува тажна приказна дека има финасиски проблеми, дека сопругата му е налекување и мора да му плати на докторот. Го нудел лажниот златен часовник за кој тврдел дека вреди 15 илјади евра на „Швеѓанецот“. Жртвите наседнувале на приказната и нуделе повеќе пари за часовникот од лажниот Швеѓанец.

Луѓето оделе во банка, и ги носле парите. „Израелецот“ се преправал дека ги става во торбичка, која им давал на жртвите да ја чуваат додека тој оди во болница кај жена му. Договорот бил, жртвите да го почекаат да се врати и да им го предаде часовникот.

Но, всушност, измамниците успевале во торбичката да подметана плико без пари. Жртвите чекале одреден период и сфаќале дека се измамени.

При истрагата, полицијата од Сплит извршила претрес на возилото кое го користеле измамниците и на куќата во која живееле. Проналше голема сума од украдените пари и лажни златни часовници.

Двајцата Македноци се во притвор. За повозрасниот имало три меѓународни потреници, од Македонија и од Австрија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски