Мајтап со Законодавниот дом, или…???

Од:

На ДУИ освен временски и потрошени тони хартија, и не им било правнички тешко да ги стокмат сите 15.451 амандмани.

Амандманот 15.136 најдобро го покажува тоа.

ДУИ предлага во член 38 од законот , бројот 2 да се брише и да се замени со број  “.“.      Кој е овој број и што означува, најверојатно само пишувачот знае. И можеле да ги наредат сите познати и непознати интерпункциски знаци и броеви, за да се зголеми купот амандмани.

Претходниот амандман пак предвидел во истиот член зборот Македонија да се избрише и да се замени со зборот М.

Четвртиот амандман всушност е со намера да ја промени суштината, и Законот да гласи и да се применува на сите учесници во конфликтот, што значи не само на безбедносните сили, туку и на ОНА. Но и на овој предлог има десетина варијации на иста тема и иста суштина, со менување зборчиња или запирки, за да се зголеми бројот на амандманите.

Во член 2, во кој се објаснува што се подразбира под терминот учество во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија, ДУИ предлага бришење на делот во кој стои  дека се подразбира организирано дејствување на припадниците на безбедносните сили во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации.

ДУИ и јазично го поправале законот, па препорачуваат во член 22, по зборот тој, и тој, да се стави запирка. Во некои амандмани се додаваат точки, некаде се бришат зборчиња, сврзници, кои сметаат,  суштински ја менуваат содржината на законот.

Лекторска корекција е зборот „загинати“, да се замени со зборот“ починати“. Па се редат амандмани со оваа поправка.

Во сите членови  каде е употребен зборот „безбедносни сили“, ДУИ предлага бришење на зборот „Безбедносни“, и да остане само „сили. И бидејќи тоа се употребува во речиси сите членови од Законот , толку и манадмани се напишани , само со бришење на зборот.

Тоа, велат од ДУИ е значајно, исто како елиминирањето на термините „екстремистички и паравоени групации“ комплетно од законот.

Игрите за блокада  се гледаат и во член 26, тој се однесува  за еднократниот  паричен надомест за воените инвалиди.

За 100 процентен  инвалидитет, предвидени се 150 плати, ДУИ  во стотина амандмани, ги реди сите можни комбинации од бројки од 150 па нагоре, и секоја нова лицитирана бројка е нов амандман.

Има варијации и на тема-датум на почеток на примена на законот, со  десетина амандмани.

Се лицитира и со глобата, од 550 до 700 , како што предвиделе предлагачите, се набројува секое евро до повеќе од 1.000.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ вчера си разменија „комплименти“ за диктатура и лицемерие ,  сега ќе се чека толкувањето на Мандатно-имунитетната комисија, дали е деловнички оправдан и издржан предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ограничување на дискусиите и репликите.

Како и да е, доколку  не изгуби кондиција овој парламентарен состав, па не се распушти, како што се случуваше во слични обиди за „Игри без граници“, ќе  се занимава цела година со амндманите, дебатите, кавгите, убедувањата за Законот за бранители.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски