Мајсторски и Станишков се алпинистите кои загинаа кај Бучим, Македонската алпинистичка федерација во жалост

Од:

Од Македонската алпинистичка федерација објавија фотографија од загинатиот алпинист Зоран Мајсторски и споделија дека со неверување ја примиле информацијата за несреќата во еден од силосите на рудникот „Бучим“.

„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата.

Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на Македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, напишаа на Фејсбук од МАФ.

Би можело да ве интересира

Само еден рудник може да и’ донесе на Македонија 500 милиони евра во буџетот

Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Грозданов: Инвестицијата во рудникот за антимон неосновано се критикува

Горан Наумовски

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

Македонското рударство пред предизвик: дали антимонот е доволен за спас?

Романија на чекор до изградба на вториот најголем рудник за бакар во ЕУ – во проектот вклучена и фирма позната за македонската јавност