Грозданов: Инвестицијата во рудникот за антимон неосновано се критикува

Од:

Отворањето на рудникот за антимон во Крива Паланка ја отвори дебатата за иднината на рударството во Македонија, при што ставовите се движат меѓу економскиот потенцијал и еколошките стравови. Во својата колумна, Виктор Грозданов смета дека проектот може да донесе позитивни ефекти за државата.

„Го поддржувам отворањето на рудникот… и ги чекам геолошките наоди кои ќе ја потврдат неговата вредност“, пишува тој.

Според Грозданов, дел од критиките се неосновани и не се поткрепени со стручни аргументи.

„Науката каде работат рудниците не се чита во лексикон за странски изрази“, наведува Грозданов, алудирајќи на употребата на термини како „еколошка бомба“.

Во текстот се објаснува и процесот на отворање на рудник, кој вклучува детални анализи – од истражување и проценка на ресурсите, до студии за економска исплатливост и влијание врз животната средина.

„Во овој момент се решава дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти“, пишува Грозданов, нагласувајќи дека процедурите се јасно дефинирани.

Тој потсетува дека рударството има историско и економско значење за човештвото и останува клучна индустрија и денес.

„Поради својата улога во обезбедување на суровини, рударството е една од најзначајните дејности за економскиот раст“, заклучува авторот.

Би можело да ве интересира

Само еден рудник може да и’ донесе на Македонија 500 милиони евра во буџетот

Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Формирано Здружение на металурзи – експертите бараат науката да има поголем глас во дебатата за рударството

Грозданов: „Имаме 100 милијарди евра под земја, време е за знаење наместо хистерија“

Горан Наумовски

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он