Мајо: Италија ги поддржува Скопје и Тирана на европскиот пат

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо од Тирана порача дека Италија го поддржува процесот на европска интеграција на Албанија и на Северна Македонија.

Тој додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји.

– Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори. Во овој дух му истакнав на Рама дека нашата желба е сите политички актери во земјата да се ангажираат за воспоставување на политичка клима, која не би го попречила европскиот пат на Албанија, истакна ди Мајо.

Рама, се заблагодари за посетата во овие тешки мигови за земјата и посебно за поддршката и помошта на Италија уште во првите мигови по земјотресот.

– Италија била и ќе остане прв наш партнер во економските односи. Таа никогаш не се штедеше во напорите за трансформација на Албанија. Со министерот разговаравме и за други прашања меѓу кои и за специјалната единица за борба против корупцијата. Министерот ја потврди подготвеноста на неговата земја за поддршка со техничка асистенција и човечки ресурси на терен, за конретна соработка, рече Рама.

Италјанскиот минстер прдружуван од еврокомесарот Луиѓи Сореца го посетија и кампот со шатори во Вора, каде се сместени 200 лица ,кои останаа без своите домови.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Италија им забрани на американските бомбардери да слетуваат во базата на Сицилија

Катерина Ѓуровски

Ученик (13) избоде професорка во вратот и во градите – ја спаси друг ученик

А1он