Мајка на 10-месечно бебе е донорот на срце и на бубрези, која спаси три човечки животи

Од:

40-годишната Јасмина, мајка која пред само 10 месеци го добила долгопосакуваното бебе е донорот на срце и на бубрези, која спаси три човечки животи. Таа, според нашите информации, починала како последица на мозочен удар, а нејзиното семејство се согласило да ги донира нејзините органи.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретнал со семејството на Јасмина, нејзиниот сопруг и свекрва.

„Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша Филипче.

Филипче денеска изјави и дека состојбата на 39-годишната пациентка на која ` беше трансплантирано срцето е во стабилна состојба и оти сите параметри ѝ се добри.

На Клиниката за кардиохирургија во неделата беше извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која траеше 5 часа.

На Клиниката за урологија, пак, извршена беше трансплантација на бубрези кај двајца пацинти. Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники за Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рендгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Филипче: Жално е што реформите за ЕУ интеграциите Владата воопшто не ги спроведува

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

(ВИДЕО) Филипче: Итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи

Горан Наумовски

Филипче бара медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови