Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Од:

Четири македонски државјани (мајка и три деца), се евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12 лица – осум преку Египет со владин авион и четири преку Атина. Најголемиот дел од евакуираните се деца – седум од вкупно 12 лица.

Согласно информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, и имајќи го предвид прекинот на огнот во сила од 24 јуни и стабилизирањето на безбедносната состојба, државјаните кои првично беа подготвени за итна евакуација во моментов го одложуваат своето заминување. Рестрикциите поврзани со конфликтот со Иран се укинати, а училиштата, институциите и продавниците повторно функционираат.

Министерството, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во редовна комуникација со сите граѓани кои изразиле интерес да го напуштат Израел, доколку повторно се јави потреба, и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста.

И понатаму останува во сила препораката да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток, наведуваат од МНРиНТ.са

Би можело да ве интересира

Израел започна „ограничени“ копнени операции во јужен Либан

Хезболах тврди дека ја нападна израелската воздухопловна база во близина на Тел Авив

Горан Наумовски

Израелската полиција уби палестинско семејство со две малолетни деца

Израел: Започнавме големи напади врз инфраструктурата на иранскиот режим

ВИДЕО: Нов бран ирански напади на Тел Авив

Ирански функционер: Ќе ги заробиме Американците ако се обидат да го заземат Харг

Предраг Петровиќ