Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска претсојуваше во Кочани, при што ја посети фабриката „Жито ориз КО“.
Како носител на проектот „Здрава храна за детство без мана“ Иванова се сретна со учениците од основните училишта во Кочани каде се реализира овој проект.
– Карванот „Здрава храна за детство без мана“ заедно со невладината организација ОХО, по посетата и престојот во Скопје, Битола, Прилеп и Пробиштип, денеска престојува во Кочани. Драго ми е што оваа идеја ја прифатија училиштата и градинките и верувам дека оваа кампања ќе продолжи да се реализира за идните генерации, за нашите здрави деца и младинци, рече Иванова.
Иванова и учениците од кочанските основни училишта се запознаа со процесот на лупење на оризот во компанијата „Жито ориз КО“ и презентираа свои рецепти за здрава храна.