Маглата и денеска го отежнува авиосообраќајот

Од:

Лошите временски услови и денеска го отежнаа одвивањето на авиосообраќајот и на железничкиот и меѓуградскиот патен превоз. Поради магла летот на релацијата Скопје – Белград на ЈАТ предвиден за изутринава е откажан, а полета авионот на Wizz Air за Лондон, покажува информаторот на веб страницата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по влажни коловози поради врнежите од дожд и снег во утринските часови.

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Гостивар-Кичево преку планискиот превој Стража поради врнежите од снег и остатоци од снег на коловозот. Забавен и отежнат е меѓуградскиот автобуски превоз со доцнења до половина час на пристигањата и тргнувањата. Железничкиот сообраќај се одвива без проблеми со минимални задоцнувања.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози