Лукаревска: Го намалуваме ДДВ во угостителството на 10%, на занаетчиите од 18% на 5%, 0 персонален данок за ИТ индустријата до 2023

Од:

Носителката на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, Сања Лукаревска синоќа на трибина во Ѓорче Петров порача дека на граѓаните им нудат европска перспектива и создаваат амбиент со кој сакаат да ги задржат младите да останат во државата.

Посочи дека ја развиваат економијата и парите ги враќаат кај граѓаните и во тој контекст истакна дека ДДВ во угостителството е намалено на 10 проценти, во занаетчиството од 18 на 5 проценти, а персоналниот данок за ИТ индустријата е нула до 2023 година.

– Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Старт-ап село“, можност младите да ги реализираат своите бизнис идеи, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, ја продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, ќе донесеме закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување, ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството, рече Лукаревска.

Побара поддршка од граѓаните на 15 јули за да можат да го продолжат концептот „едно општество за сите“ и преговорите со Европската унија.

– Ќе се избориме со сите остатоци од режимот. Социјалдемократскиот сојуз гради мостови со соседите, сега тие се наши пријатели. Отпочнуваме преговори со Европската Унија, тоа ќе значи и реална финансиска поддршка со европски пари. Во земјава градиме едно општество за сите, зашто разликите се заедништво. Градиме праведно општество каде непристарсниот инспектор е професионален инспектор, каде непристрасниот судија е добар судија. На 15 јули ја бараме вашата поддршка зашто можеме уште повеќе и уште подобро, рече Лукаревска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски