Лудуваат на автопат: На Скопје-Тетово возеле со 227 и со 214 километри на час

Од:

Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот.

– Осум од нив односно пет во Тетовско и три во Гостиварско биле за над 70 километри повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Во контролата 21 возило пречекорило од 50 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-11) и така натаму.При контролата санкционирано е едно пречекорување на пропишаната брзина во населено во Тетово и осудм други видови сообраќајни прекршоци во истиорт град.

Би можело да ве интересира

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид