ЛП: РМ е способна да организира демократски и кредибилни избори

Од:

„Либералната партија ја поздравува одлуката на убедливото мнозинство граѓани и јасната волја за декомпонирање на „груевизмот“ изразена на локалните избори во неделата.

Позитивните оценките на меѓународните набљудувачи потврдуваат дека Република Македонија е во состојба да организира демократски и кредибилни избори.

Граѓаните со својата одлука јасно им укажаа и на пратениците во Собранието и на политичките водства кои се нивните очекувања и во кој правец треба да се движи Република Македонија. Прв очекуван чекор е деблокирање на Собранието и одговорно вршење на функцијата пратеник.

Либералната партија и натаму ќе го дава придонесот во вториот круг да се потврдат резултатите и правецот од првиот круг на локалните избори“, изјави Либерална партија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ