ЛП: Оставка на министерот Тодоров, веднаш

Од:

„Четирите смртни случаи во четири дена во јавните здравствени установи потврдуваат дека токму отсуството на систем на квалитет и контрола во здравствените установи се причинители за ваквите трагедии. Притоа, во отсуство на детали, се воздржуваме од коментар на денешната вест за смртта на уште една трудница на скопската Клиника за гинекологија.

Либералната партија вчера укажа дека „целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци – доктори или медицински персонал. Но челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии“.

Јавното здравство не може да ги поднесе експериментите и бирократијата како основни производи на здравствените реформи одглумени во изминатите години.

Лошите реформи засновани на шминка, наместо на развој на здравственото осигурување и на здравствените работници и услуги се последица на погрешната политика во јавното здравство. Од нив трпат и лекарската професија и здравјето на граѓаните.

Либералната партија основната вина ја лоцира во политиката и нејзиниот носител – Владата и Министерството за здравство, и таа е персонализирана во министерот Никола Тодоров.

Ниту еден процес во политиката не е позначаен од човекот. Затоа, додека основното внимание на јавноста е насочено кон политичките договори, Либералната партија бара министерот за здравство Никола Тодоров, како основен носител на одговорноста за хаосот во јавното здравство (создаден од погрешните реформи на Владата) веднаш да поднесе оставка“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот