ЛП: Одмрзнување на сметката на „Макпетрол“ за спречување на енергетска криза на пазарот

Од:

„Во услови на се поизвесна ескалација на состојбите во снабдувањето со нафта и енергенси, Либералната партија повторно ги упатува прашањата на кои ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ресорното министерство сеуште не одговорија од саботата, 15 август:

· Која е потребата од замрзнување на банкарските сметки на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица? Ако наводното дело е направено во 2006-2007 и не може да се повтори, зошто се чекало толку време и кој го држел предметот во фиока или го одолговлекувал процесот?

· Ако МВР е загрижено за правата и средствата на акционери што според нив се оштетени, како планираат да ги обесштетат ако се замрзнати сметките на „Макпетрол“ и фирмата не може непречено да работи?

· Ако фирмата не може да работи, кој ќе ја превземе улогата на Макпетрол во снабдувањето со горива и гас?

· Што ќе биде со платите на преку 1000 вработени во „Макпетрол“ и неговите фирми?

· И конечно, во услови кога цената на горивата на светскиот пазар се намалуваат, дали Владата со овој потег сака да направи вештачко зголемување на цената на горивата во Македонија, да преземе или вештачки да создаде пазар за нови компании блиски до неа, и со тоа да обезбеди неоправдана добивка на други компании во Македонија и/или зголемување на приливот во буџетот?

Расчистувањето на овие прашања ќе одговори дали процесот против АД „Макпетрол“ е битка за нафтениот и растечкиот пазар на гас.

Во услови на вакво политичко прекројување на пазарот со енергенси, ги потсетуваме „Пржинските“ партнери од 2 јуни дека владеењето на правото, а не партиската поделба на економијата е основна задача на одговорната опозициска политика.

Премолчувањето на суштината зад параванот на преговорите за „уставот од Пржино“ е само затворање очи пред налетот на власта врз уште една компанија и телевизија. Искуството со А1 ТВ треба да е доволно.

Затоа, Либералната партија повторно ја повикува Владата, преку „независното судство“, да ја одмрзне сметката на АД „Макпетрол“ за компанијата да може непречено да работи додека тече започнатата правна постапка“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство