Лозарите ќе ги добијат парите за винското грозје

Од:

Лозарите што го продале своето винско грозје од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016, а досега не им е исплатено, ќе добијат дополнителна помош од државата, одлучи Владата на редовната 119. седница.

Согласно донесената Предлог – одлука, висината на дополнителната помош ќе се утврдува според сортата на продаденото грозје, но нема да е повисока од просечната откупна цена за килограм во периодот од 2014 година до 2016 година.

„Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, како и врз основа на анализите на терен на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продаденоto грозје во 2014, 2015 и 2016 година. За таа цел, но и за да им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, се предлага да се исплати продаденото и ненаплатено винско грозје од страна на државата“, информира владината прес-служба.

За реализација на оваа дополнителната помош, Владата вчера ја прифати и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. Со неа се врши изменување на вкупниот износ на средства предвидени за растително производство и се додава нова мерка како Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје.

 

Би можело да ве интересира

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Заедничката седница на македонската и косовската влада ќе се одржи на 25 јануари во Скопје

Жарко Настоски

Владата го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата

А1он

ДУИ даде зелено светло за СЈО, ќе се убедуваат ВМРО-ДПМНЕ, независните и помалите албански партии

Сандра Бошковска

Закони од безбедноста, надворешната политика и царината на дневен ред на владината седница

Владата нема да дава мислење за законот за пазари, бидејќи е пролонгирана неговата примена