Владата го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата

Од:

Владата денеска на седница го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата. Со него се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.

– Откако ќе биде усвоен во Собранието, Предлог-законот за јавниот интерес во културата ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата. Со него се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата, наведува владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски