Лозарите и денеска го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман

Од:

Лозарите и денеска го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман, со барање да им бидат исплатени над 600 илјади евра за предаденото грозје во изминатите неколку години.

– Имаме сознанија дека нашиот приговор до судот е прифатен и оти продажбата на винарската визба „Винеа” е поништена. Но, сега чекаме на официјален документ. Очекуваме да дојдат газдите на „Винеа” кои исто така сакаа да се поништи продажбата и да кажат со која динамика планираат да ни го исплатат грозјето. Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исто така би било добро да бидат присутни кога газдите на винаријата ќе се изјаснат како ќе тече намирувањето на обврските кон нас, изјави претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов.

Винарите се против продажбата на винарницата оти стравуваат дека со парите од продажбата ќе бидат намирени обврските кон другите доверители, но не и кон нив.

Би можело да ве интересира

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on