Лозарите го блокираа патот Градско – Прилеп

Од:

Лозари од Тиквешко предводени од Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” денеска два часа го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман. Бараат да се поништи продажбата на винаријата „Винеа” во селото Паликура.

– Винаријата е продадена, а ние како доверители не влегуваме во редот на оние кои треба да бидат исплатени. Подмирени се само две доверителски куќи и банката. Сакаме да го смениме тоа. Ќе побараме помош од Министерството за земјоделство и од Владата ако има потреба. „Винеа“ на овие лозари им должи преку 600 илјади евра за грозјето продадено од 2009 година досега. Мораме да се наметнеме како фактор доверител. Немаме ништо против кој и да ја земе винаријата доколку не обесштети. Неправдата е многу голема, судбината на огромен број лозари зависи од „Винеа“, изјави Љупчо Аризанов, претседател на „Агротиквешија”.

Според Зоран Мишев од Кавадарци кој има повеќе од 5.000 евра побарувања, со судските пресуди иако донесени, не може да им обезбеди егзистенција на трите малолетни деца.

На протестот беше и Владо Орданов од Росоман чија фирма откупувала грозје од лозарите за „Винеа”. Тој на производителите за 2011 година им должи околу милион денари. И тој смета дека винарската визба е продадена многу ефтино, за околу 1,25 милиони евра.

Блокадата ќе продолжи се додека не биде исполнето барањето на лозарите. Воедно, секој ден ќе се зголемува и нејзиното времетраење.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар