Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Од:

По подолг период кога не бевме во можност да вклучиме нови земји во нашето европско семејство, време е да ја искористиме шансата и да ја прошириме Европската Унија во текот на овој мандат на Европскиот парламент, истакна австрискиот европратеник Рајнхолд Лопатка во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР).

– Мислам дека е позитивно она што се случува во Црна Гора, во Албанија, а исто така, изјави Лопатка, кој доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕПП).

Според него, кога се говори за проширувањето треба да се поздрави напредокот, но во исто време не треба да се затвораат очите кога има огромни проблеми.

– Како што веќе реков, мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Северна Македонија. Босна и Херцеговина се соочува со многу тешка ситуација, особено со Република Српска. Србија има многу проблеми, а исто така и Косово се соочува со проблеми. Затоа дијалогот Белград-Приштина повеќе не е во нашиот центар на интерес, бидејќи во центарот сега се проблемите во двете земји, смета Лопатка.

Тој нагласува дека вклучувањето на сите земји од Западниот Балкан во ЕУ отсекогаш било во фокусот на Унијата, а особено на неговата татковина Австрија.

– Но, мора да бидеме искрени. Тој процес мора да биде базиран на заслуги. Ако тие не се во можност да ја завршат својата домашна задача, не можеме да им кажеме добредојдовте, вели Лопатка.

Европратеникот нагласува дека на граѓаните на земјите од регионот на Западниот Балкан би им порачал дека треба да ја видат додадената вредност на членството во ЕУ.

– Треба да ги видат шансите на овој огромен пазар. Треба да ги видат и шансите за младите луѓе. На пример, дека имаат шанса да работат тука во европските институции. Многу Хрвати, Романци, луѓе од Бугарија, дури и во мојот кабинет, се од овие земји. И секако, ако погледнете наназад низ вековите, тие се дел од Европа и треба да ги искористат своите шанси. Мислам дека тоа е огромна шанса за младите луѓе. Политичарите не треба да ја пропуштат оваа шанса. Треба да им дадат шанса на своите млади луѓе, заклучува Лопатка.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата