Локалниот пат меѓу Виниче и Страчинци постои 50 години, сега прв пат ќе се асфалтира

Од:

Прв пат по 50 години, ќе се асфалтира локалниот пат што ги поврзува скопските села Виниче и Страчинци.

Средствата во вредност од 15 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Како што изјавија министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, патот е долг два километра, а се очекува да биде завршен и пуштен во употреба за 10 месеци.

Според Бабовски, Виниче е едно од најубавите на Скопска Црна Гора и овде доаѓаат многу посетители, особено во летниот период.

Патот кој се асфалтира преку мерките од Програмата за рурален развој, ќе придонесе за поголема мобилност на жителите на соседните села, како и за зголемување на бројот на посетители кои доаѓаат да се рекреираат и релаксираат.

Особено е посетена црквата „Св. Илија“, рече Бабовски.

Додаде и дека Општина Гази Баба до Платежната агенција има доставено три проекти и сите три се одобрени во вкупна вредност од 33,4 милиони денари.

Градоначалникот Борис Георгиевски дополни дека Општина Гази Баба има аплицирано за три проекти кои се наменети за капитални инвестиции за развој на руралните средини.

Сите три проекти се однесуваат на изградба и реконструкција на патишта: реконструкција и проширување на регионален пат од Бутел до Раштак, во должина од 5 километри, изградба на патна делница до еден километар од ООУ „Наум Охридски“ до викенд населба во село Булачани и изградба и реконструкција на локален пат во н.м Виниче до н.м. Страчинци.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов

Возачите минуваат на среќа: 26 дена нема сигнализација на најфрекфентниот железничкиот премин во Хиподром

Орце Костов