Локален совет за превенција на општина Чаир: Засилени мерки за справување со Ковид 19

Од:

Вчера во општина Чаир претставници на МВР присуствуваа на седница на Локалниот совет за превенција на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и комисијата за заразни болести на граѓани на подрачје на општина Чаир“, со цел подигање на свеста на граѓаните.

Како што информира МВР, на седницата биле донесени повеќе заклучоци меѓу кои зајакнување на соработката на општина Чаир со Кризниот штаб и Министерството за внатрешни работи – Полициската станица од општа надлежност Бит пазар. Исто така, членовите на Локалниот совет за превенција на општина Чаир побарале од Министерството за внатрешни работи преземање на засилени превентивните мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата кои не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.

СВР Скопје периодов одржува кординативни средби со претставници на стопанските субјекти како што се сопственици на угостителски објекти, одговорни лица на зелените пазари претставници од обложувалници, маркети, банки преземајќи превентивни мерки со укажување на потребата за придржување на мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи известува дека активностите ќе продолжат се додека е во важност Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со цел подигање на јавната свест.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски