Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

Од:

Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата.O TEMPORA, O MORES!, напиша на Фејсбук министерот за правда Кренар Лога, по објавата на професорката и поранешна министерка за правда Рената Дескоска дека Извештајот на ЕК за судството треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет, а не да се префрла одговорноста.

– Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е „сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас, напиша Дескоска.

Ова, според неа, треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет за преиспитување на својата улога во надминување на состојбите. И барањето на решенијата, како што потенцира Дескоска, не треба да биде во стилот на „префрлање на топката на одговорност”.

Би можело да ве интересира

Од суштинско значење е донесување нов Кривичен законик, советот на амбасадори за извештајот на ЕК

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и со Босна, вели европратеничката Јовева

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

Македонија мора да ги направи уставните измени, порача Марта Кос

Катерина Ѓуровски

Македонија не презема чекор и не ги внесува Бугарите во Уставот – извештај на Европската комисија