Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК

Од:

– Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК.

Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние сите го зборуваме“.

– И тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и затоа нон стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во Обвинителството итн. Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема, додека, пак, во сите други области има одреден мал напредок или значлителен напредок. Јас генерално можам да го оценам како добар, инаку не можам да се согласам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, итн од земјите во регионот, рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека Владата ќе продолжи да работи и дека тој е апсолутно фокусиран на реформите.

– Но треба да работиме и ќе работиме. Јас апсолутно сум фокусиран на реформите. Оваа Влада е реформска и во таа насока ќе продолжи. Ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, во делот на борбата против перењето пари, воведувањето на заедничкиот платежен систем односно СЕПА, Царината, деловите како што се бесплатен роаминг што ќе се имплементираат, рече премиерот денеска во општина Петровец каде присуствуваше на поставување камен темелник на нов Културен дом.

Мицкоски попладнево во Владата ќе го прими Извештајот од евроамбасадорот Михалис Рокас, а потоа тие ќе одржат заедничка прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар