Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен

Од:

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се откажа од барањето за затворски притвор и предложи куќен притвор со 24-часовен надзор за Љупчо Пецов – Ѓаволот, првообвинет во случајот „Синџир“. Кривичниот суд го прифати предлогот.

Од ОЈО ГОКК информираат дека одлуката е донесена поради влошената здравствена состојба на обвинетиот, но и поради проценки дека во затворски услови не може да му се гарантира личната безбедност. Како дополнителна околност се наведува и фактот што Пецов доброволно се пријавил, ги предал двата пасоши и доставил медицинска документација.

Пецов до вчера беше во бегство и за него беше определен притвор од моментот на пронаоѓање, но по предавањето, обвинителството го изменило предлогот и побарало поблага мерка – куќен притвор со постојан полициски надзор.

Од Кривичниот суд појаснуваат дека судијата не може да изрече построга мерка од онаа што ја предлага обвинителот, па предлогот бил прифатен, а патните исправи одземени.

Љупчо Пецов – Ѓаволот е првообвинет во предметот „Синџир“, кој се однесува на финансиски криминал и даночно затајување. Во случајот се опфатени 26 лица и 28 компании, осомничени дека преку фиктивни ДДВ-фактури го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра.

Случајот повторно се актуелизираше по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој, според обвинителството, примил 50.000 евра за да посредува кај судија од Апелациониот суд за укинување на притворот на Пецов. Апелацискиот суд, претходно, ја одбил жалбата и гаранцијата на обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

За прегазувањето на Југослав Николовски, 25 годишниот моторџија се бранеше со психијатриско вештачење на вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он