Обвинителството отвори предмет за транспортот на мозоци во САД

Од:

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епстин кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.

Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности.

Би можело да ве интересира

Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Уапсен е Бујар Дардишта, поранешниот директор на Управата за матични книги од ДУИ

Катерина Ѓуровски

Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен