Уапсен е Бујар Дардишта, поранешниот директор на Управата за матични книги од ДУИ

Од:

Во обемна полициска акција што се спроведува од ноќеска, уапсен е Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Заедно со него приведени се уште неколку лица, а извршени се и претреси на повеќе локации низ државата.

Дардишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

Според досегашните информации, акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја потврдуваат акцијата и информираат дека таа се одвива на повеќе локации во државата.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ–МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско-економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности“, соопштија од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Фатон Азизи кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски

Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија