Љубе Бошкоски нема да присуствува на закажаното судско рочиште во понеделник

Од:

Претседателот на ОМ Љубе Бошковски останува на својот личен став кој јавно го кажа пред присутните во партиската судница на претходното рочиште, дека нема да присуствува на закажаното судско рочиште во понеделник.

Љубе Бошкоски е правник и го разбира правото, доволно добро да знае што значи правда и дека основен предуслов правдата да биде задоволена е самите судии и обвинители да го почитуваат и работат според Уставот и Законот на РМ, велат од партијата.

Во продолжение целото соопштение:

Поради кршења на Уставот и Законот на РМ од страна на партиското судство во овој комплетно политички монтиран процес, нашиот претседател господинот Љубе Бошкоски нема да присуствува на следното закажано рочиште. Се додека судот и Судскиот совет не почнат да го применуваат Уставот и Законот на РМ, господинот Бошковски не планира да биде дел од овој судски циркус.

Барањата на господинот Бошкоски беа јасни, сугестиите на одбраната и сугестиите на Апелациониот суд како и обврската превземена на 27. Август да се утврдат основните факти:

– Кои се наводните убијци на кои наводно обвинетите им помагале?
– Каков е нивниот тогашен и сегашен статус?

Господинот Бошкоски потенцираше битен сегменет на самото судење дека Судот од ненадлежни институции собира таканаречени докази, со што самиот суд и Судскиот совет го кршат Уставот и Законот на РМ.

На овој начин ги кршат потпишаните Конвенции, конкретно Конвцијата за спогодба помеѓу РМ и Србија, која е ратификуван договор според правниот поредок на РМ и има законска сила произлезена од Уставот како највисок правен акт.

До ден денес од страна на Судот не е приложен ниту еден доказ дека Судот се потрудил да ги обезбеди според нив, главните обвинети, од каде и започнува целата монструозна конструкција против господинотЉубе Бошкоски.

Според сознанијата со кои располагаат ОМ не постои ниту интерна, ниту меѓународна потерница против првообвинетите, со што повеќе од очигледно е дека овие судии го изгубиле компасот и легитимитетот, потврдувајќи дека се дел од овој монтиран политички процес во улога на филмски монтажери. Поради овие причини господинот Бошкоски не дава легитимитет на овој конкретно политички монтиран процес, потврден од страна на целата светска и европска јавност.
Се обраќаме до судот и Судскиот совет во име на партијата ОМ, во име на сите подржувачи и симпатизери пред се во името на господинот Бошкоски и одбраната на обвинетите и бараме:

Да приложите еден само еден доказ со кој е утврден идентитетот на наводните извршители и дали е утврден статусот на наводните извршители тогаш и денес.
ОМ бараат итно ослободување на обвинетите, посебно другите петмина обвинети за кој нашиот лидер и претседател бара на секое судење – нивно ослободување за да не бидат жртви на овој политичко полициски процес кој е насочен и монтиран самои единствено против неговата слобода.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска