ВМРО Народна партија ја информира јавноста, членството и своите подржувачи дека после неколкумесечна судска постапка, денеска се изврши официјален упис во судскиот регистар.
Со ова Љубчо Георгиевски се стекна со правен легимитет, кој претходно официјално беше изгласан од сите партиски структури според Законот и Статутот на партијата.
Со тоа паднаа во вода тврдењата на пребегнатиот екс претседател Марјан Додовски дека ВМРО Народна повеќе не постои и дека згаснала.
Додовски тогаш го зеде партискиот печат кој потоа беше прогласен за неважечки, а органите на партијата го избраа Георгиевски за нов претседател.