Литија со иконата на Богородица Скоропослушница во Струмица

Од:

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Богородица Скоропослушница“, која пред една година беше донесена на дар во храмот на „Светите 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица од страна на монасите од Светогорскиот манастир Дохијар, се одржа празнична Архиерејска Литургија и Литија.

Литијата со иконата се движеше низ улиците на Струмица, а на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ беше пречекана од голем број верници и граѓани. Таму се одржа молитвословие-доксологија.

Митрополитот на Европската епархија Пимен во своето обраќање ги поздрави присутните верници и граѓани и истакна дека иконата на Богородица Скоропослушничка не треба да им служи на струмичани само да се фалат пред другите градови .

– Да одите пред иконата да се помолите и заблагодарите за секое едно добро што ни го дарува Господ и постојано да го градите тој ваш молитвен однос со Пречистата Богомајка и на тој начин Гспод Бог да ви дарува многу години и добрини во вашите животи, порача Митрополитот Пимен.

Пред присутните зборуваше и претставник на Светогорскиот манастир Дохијар, каде што се наоѓа оригиналната икона. Тој меѓу другото побара да запрат расколите во црквата и да се воспостави длабок мир.

– Нашата света соборна црква е во целиот свет и е поделена на помали помесни цркви соедниети во православна црква. Се нарекува црква оти не сме се собрале самите, туку не собрал самиот Христос Бог, рече претставникот на Светогорскиот манастир Дохијар.

На денешната литија присуствуваа владици на МПЦ-ОА, голем број верници и граѓани од Струмица и околните градови.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија