Шилегов кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје

Од:

СДСМ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година во триесетина општини. За Градот Скопје го предлага Петре Шилегов.

„СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Во насока на транспаретноста и навременото информирање на јавноста известуваме дека до денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 година во следните општини:

За Град Скопје кандидат за градоначалник на СДСМ е Петре Шилегов.

Во општините во рамки на Скопје кандидати се: Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати: за општина Арачиново – Миликије Халими, Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово, – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште – Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.

Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за останатите општини“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети