Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што го водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.
Пред Стефанова, уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.
Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.
Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, пак, ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“