А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ликовен хепенинг за Меѓународниот ден на Мајката Земја

by А1он22/04/2014 - 08:3122/04/2014 - 08:37131
Share0

Градската библиотека „Браќа Миладиновци”  по повод Меѓународниот ден на Мајката Земја, денеска точно на пладне ќе се приклучи кон светското одбележување на Денот на Мајката земја со ликовен хепенинг.

Добивај вести на вибер

Меѓународниот ден на Мајката земја промовира поглед на Земјата како субјект, кој ги одржува сите живи нешта кои се во природата и ширење на глобалната свест за меѓузависноста што постои меѓу луѓето и другите живи видови и нашата планета.

– Сите ние ја добиваме Земјата како целина и го имаме нашето место во неа. Хармонијата со природата е идеата на овој настан и со активно учество на децата, како заштитници на Земјата, се дефинираше темата на ликовниот хепенинг – „Биди и ти заштитник на планетата“, велат организаторите.

Ликовниот хепенинг се организира во соработка со Центарот за едукација и креативност „Никулец Креатива“ и учениците од ОУ „Коле Неделковски“ Скопје. Настанот ќе се одржи во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Пораките од хепенингот учениците ќе ги делат на минувачите, за ширење на идејата дека имаме само една планета за живот и треба да ја чуваме за нашите деца и за идните генерации.

Од настанот ќе биде испратена покана со список на активности за заштита на планетата во кои може да се вклучи и надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, активности кои ќе ги дефинираат самите учесници на хепенингот.

ekologijaumetnostzemja

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски06/10/2025 - 13:4406/10/2025 - 13:52

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

Браните ја поместија оската на Земјата за повеќе од еден метар

Горан Наумовски11/07/2025 - 12:34

Ротацијата на Земјата се забрзува

Горан Наумовски10/07/2025 - 14:08

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен