Лихвари користеле легална заложна куќа како параван, наплатувале камата од 63 отсто

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(45) од Валандово и А.М. од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, предвидено и казниво по чл. 260 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, без да имаат овластување наплатувале драстично повисоки камати од дозволените, барајќи околу 90.000 евра за позајмени 55.000.

„Второпријавениот, во својство на вработен во правно лице од Скопје, во периодот од 2018-2020 година во име и за сметка на подружницата на заложна куќа, иако знаел и бил свесен дека подружницата нема овластување за давање на пари на заем, бидејќи не поседува дозвола за овластување за кредитно посредување, на веб страна за купопродажба, во име на подружницата, поставил оглас за давање на заем на парични средства по различни основи, а како контакт го оставил својот телефонски број.

Тој прво усмено договорил давање на позајмица на оштетените Д.Ј., Д.С., М.С., П.Р. и С.Р., а потоа и ги навел кон склучување на писмени договори со првопријавената, во својство на овластено лице за подружницата.

Првопријавената, иако знаела дека правното лице не поседува такви овластувања, склучила договори за заем на парични средства со засновање на заложно право врз недвижен имот (хипотека) и анекси на договорите со оштетените. Имено, В.М. за дадените заеми во вкупен износ од 3.413.180 денари или 55.278 евра, на оштетените им пресметала паричен износ кој требало да биде вратен во висина од 5.571.579 денари или 90.155 евра, иако требала да им пресмета максимален паричен износ кој треба да го вратат од 4.282.060 денари, односно 69.289 евра.

Со преземените дејствија таа, како заемодавач, пресметала камата во висина од 2.155.398 денари, односно 34.877 евра, иако максималната камата која можела да биде пресметана согласно највисоката законска казнена каматна стапка можело да изнесува 865.879 денари или 14.011 евра, со што се стекнала со несразмерна имотна корист во вкупен износ од 1.288.962 денари или 20.857 евра,“ се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена