Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Од:

Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца.

Претседателот на Комисијата за избор на претседател на Виш управен суд, Антоанета Димовска, рече дека имало две кандидатури кои биле целосни и навремени.

– Судиите од Вишиот управен суд не се оценуваат и предлог листата е сочинета по азбучен ред. Прва е Лидија Георгиевска, потоа Виолета Илиевска. Ги имате сите материјали и пријавите. Бидејќи се работи за избор на претседател имате предлог програма со акциски план, појасни Димовска.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ и пет гласа од припадниците на заедниците едногласно донесе одлука за претседател на Виш управен суд да биде избрана Лидија Георгиевска.

Претседателката на Комисијата за избор на претседател на ОС Велес, Весна Дамева, рече дека на огласот имало пријавено тројца судии – Валентина Георгиевска, Валентина Петровска и Билјана Јанчева, сите судии од ОС Велес. Во текот на постапката, судијката Јанчева се повлекла, по што е изработена предлог листа.

– Прва е Валентина Георгиевска од ОС Велес со 15 години и шест месеци судиски стаж со 200 бода. Втора е Валентина Петровска со 27 години и четири месеци стаж со 187 бода, изјави Дамева.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ едногласно ја избра Валентина Георгиевска за претседател на ОС Велес.

Претседателот на Комисијата за избор на претседател на ОС Струга, Миљазим Мустафа рече дека имало само еден кандидат – судијата Вулнет Винца, сегашен в.д. претседател на судот.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ и пет гласа од припадниците на заедниците едногласно донесе одлука за претседател на ОС Струга е избран Вулнет Винца, од ОС Охрид.

Членовите на советот, согласно препораките за транспарентност од Оценската мисија, по гласањето го објаснија својот избор.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски