Лидерската средба се уште неизвесна

Од:

Се уште „виси“ договорот дали, кога и под кои услови лидерската четворка ќе седне на преговарачка маса. Официјално, како и досега Груевски, Заев, Ахмети и Тачи прифаќаат немаат ништо против одржување на ваква средба, но неофицијално има разлики во толкувањето што е сработено и што останува како тема за преговори.

ВМРО-ДПМНЕ чека покана за средба и бара СДСМ да се изјасни дали го прифаќа избирачкиот список и потоа да се преговара за нов датум за избори.

СДСМ останува на ставот за чист список и регулацијата на медиумската сфера. 18 јуни е рокот да се исполнат барањата на Шарената револуција, во спротивно за СДСМ договорот од Пржино ќе биде мртов .

ДУИ и ДПА не гледаат причина, но не се ни противат за одржување средба на лидерската четворка. Се очекува меѓународниот фактор да даде поттик за ваква средба и откочување на процесот.
Брисел се надева дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба на која партиите ќе поведат иницијатива за договор за организирање на фер избори. Од Европската комисија велат дека се во постојан контакт со партиите и ги следат случувањата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Словачкиот екс-премиер, прорускиот Фицо победи на парламентарните избори во Словачка

Горан Наумовски

Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е како папагал, избори па избори, прашајте ги колку е часот ќе ви речат: избори

Орце Костов

Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Избори во 14 ограноци на ДУИ – ова се имињата на луѓето кои ќе ги водат

А1он

Црна Гора: Движењето „Европа сега“ освои 24 мандати во парламентот, коалицијата „Заедно“ 21 мандат