Лидерот на СДСМ ќе се бира меѓу Заев, Јовановски и Ивановски

Од:

Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски се тројцата кандидати кои  според Извршниот одбор на СДСМ  имаат приближно исти заложби за раководење со најголемата опозициска партија и  приближно компактибилни концепти.

„Овие кандидати изразија подготвеност заради поуспешен конгрес, да вложат значителен ангажман во наредните неколку дена, за да се направи приближување и усогласување на концептите, а преку таквиот позитивен пристап, што е можно повеќе да се намали бројот на кандидати за претседател на СДСМ“, информираат од најголемата опозициска партија.

Ова е официјалниот став, но нема информации се уште што се случува со иницијативата Бранко Црвенковски да биде повторно номиниран. За ова вечерва не се расправало.

Уредна е и кандидатурата на Кире Наумов.

По вечерашната седница ќе заседава и одлуката ќе ја изгради и Централниот одбор, а конечниот збор кој ќе седне во претседателската фотеља на Бихачка, или по ново Павел Шатев, ќе го имаат 705-те делегати на Конгресот на 2. јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?