Претседателот на НСДП, Тито Петковски вчера во седиштето на партијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
На средбата се разговараше за можностите за деблокирање на работата на Собранието на Република Македонија и негово профункционирање во полн капацитет, за што претседателот на НСДП, Тито Петковски, истакна дека од суштинско значење е политичките партиии да ги надминат тесните интереси и да го согледаат значењето кое законодавната власт го има за реформските процеси во земјава, а за чие непречено реализирање се потребни навремени и квалитетни законски решенија.
На средбата стана збор и за потребата од постигнување на компромис помеѓу парламентарни партии околу потребата од донесувањето на законот за јазици, како прв чекор кој треба да биде направен во насока на деблокирањето на работата на Собранието.
Постигнувањето на политички консензус помеѓу сите политички партии за решавањето на проблемот со името, кој Македонија го има со Грција, од страна на Петковски и Тимоние беше нагласено дека има суштинско значење за деблокирање на евро-атланските процеси на змејава.
Францускиот амбасадор Тимоние истакна дека Франција ќе има понагласено влијание во решавањето на проблемите кои постојат во односите помеѓу земјите од Западен Балкан, со цел создавање на позитивни политички околности за нивно побрзо приклучување кон ЕУ и НАТО.