Лидерите на Националниот молитвен појадок обединети: Местото на С.Македонија е во НАТО и ЕУ

Од:

Силна поддршка за регионот и поддршка за Северна Македонија и Албанија, час поскоро да добијат датум за почеток на преговори со Европската Унија. Ова е пораката која се испрати од сесијата на лидери од Југоисточна Европа, кои се состанаа на Националниот молитвен појадок, во Вашингтон (САД).

На оваа работна сесија учествуваше и членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев. Во директен разговор со Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, Богоев доби убедување дека за многу кусо време Македонија и официјално ќе стане полноправна членка на НАТО Алијансата, со што сигурноста и безбедноста на земјата трајно ќе бидат осигурани.

Палмер го поддржува и почетокот на преговори со Европската Унија, како уште една стратешка цел на нашата земја.

Силна поддршка за Северна Македонија, но и за целиот регион стигна и од страна Алојз Петерле, европратеник и поранешен премиер на Словенија.

За напредокот на Северна Македонија и шансата која треба да ја добие регионот зборуваше и конгресменот Роберт Адерхолд, но и претседателот на Албанија, Илир Мета. Токму Мета го поздрави и Преспанскиот договор склучен меѓу Македонија и Грција, со што се прати јасна порака дека ако постои волја и желба за напредок и иднина, децениските спорови можат да се решаваат по мирен пат.

Сите претходни денови, во рамки на Националниот молитвен појадок беше истакната сериозна поддршка за Северна Македонија, за полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Сите лидери се обединети во пораката дека напредокот на нашата земја треба уште повеќе да биде вреднуван.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски