Лидери од Западен Балкан едногласни дека Северна Македонија заслужува почеток на преговори со ЕУ

Од:

Актуелни и поранешни лидери на земјите од Западен Балкан едногласни дека Северна Македонија го заслужува почетокот на преговори со ЕУ и дека секоја друга одлука ќе биде многу негативна за регионот, соопшти владината прес-служба.

-На прашањето за иднината на Балканот, имам позитивен одговор: Балканот се движи во добра насока, а тоа е насоката што води кон ЕУ и НАТО. Балканот е составен дел на Европа и го менува имиџот на буре барут, на место каде се генерираат политички кризи, рече, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на дебатата на тема „Иднината на евроатлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк, како дел од настаните на маргините на годинашното 74-то Генерално собрание на Обединетите нации.

-Јас тврдам дека балканските земји напредуваат и работат напорно за да бидат дел од семејството на ЕУ и да ги прифатат и негуваат европските демократски вредности како дел од сопствената политичка култура и демократска традиција, потенцираше премиерот Заев на дебатата, на која учествуваа повеќемина актуелни и поранешни политички лидери од регионот, како министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, поранешните претседатели на Бугарија, Росен Плевнелиев и Петар Стојанов, поранешните премиерка и претседател на Хрватска, Јадранка Косор и Иво Јосиповиќ, и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија, како и други познавачи на регионот.

Како аргументи за неговиот став за напредокот на Западен Балкан во евроатлантските интеграциски процеси премиерот Заев ги издвои добрите соседски односи и регионалната соработка како заеднички приоритет и стратешка цел на сите земји од регионот, како неопходност за да се остварат амбициите на сите одделно за интеграција во ЕУ и НАТО.

-Одлучивме дека е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но никогаш не може да го заземе местото на нашата иднина. Тоа беше движечка сила за Владата на Северна Македонија да ги реши билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, без оглед на критиката од опозицијата, истакна премиерот Заев на дебатата на темата „Иднината на евроатлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“.

Како што соопшти прес-службата на Владата, премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија нема отворени проблеми со соседите и дека тоа ја прави земјата единствена во регионот од таа перспектива.

Заев ги запозна присутните и со Договорот од Преспа, за кој е оценето дека е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот кој стави крај на долготрајниот спор со Грција.За време на дебатата тој рече дека перспективите на ЕУ и на НАТО се главни стимулации за Владата и народот на земјата, и дека тоа ја направи Владата целосно да се посвети на агендата за реформи и за остварување на стандардите за старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

-Испорачавме конкретни резултати во сите области, како што се бараше во заклучокот на Европскиот совет од јуни 2018 година и сега очекуваме позитивна одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ во октомври 2019 година. Секое одлагање на една ваква одлука ќе има многу негативни ефекти, како за земјата, така и за регионот. Ако ЕУ не испорача, тогаш кредибилитетот на ЕУ и принципот на условеност ќе бидат ставени под знак прашалник, потенцираше премиерот Заев на дебатата на тема „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк како дел од настаните на маргините на годинашното 74. Генерално собрание на ОН.

-Сите учесници на дебатата беа едногласни дека одлагањето на датумот за преговори за Северна Македонија ќе испрати многу негативна порака за целиот регион и дека таквата одлука сериозно ќе ја поткопа мотивацијата за земјите од балканскиот регион да продолжат да го одржуваат и зајакнуваат трендот на одржување на стабилноста, на зајакнување на демократијата и на услови за економски раст и просперитет, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он