„Да престане иселувањето на младите од Р.Македонија и да се направат реформи за подобрување на условите за живот, како и поголема стимулација за нивно останување во родната земја.
Ова беше една од главните теми на разговор на средбата на претседателите на СДММ и пратеник во Собранието на РМ, Стефан Богоев и на ЛИДЕМ, Стефан Миноски.
Двајцата претседатели се согласни дека нивните врсници треба да живеат во место каде што ќе се почитуваат законите и Уставот и истите ќе важат подеднакво за сите .
“Иднината на оваа држава не заслужува да оди во погрешна насока, насока во која владеат криминалци, а на улица слободно шетаат педофили. На младите треба да им се овозможи демократија и право на избор, да не живеат во страв од изнесување на своето миислење, страв од губење на работното место, да не трпат уцени и притисоци на факултетите. Сакаме нови студентски домови и повисок студентски стандард“, беше нивната заедничка оценка по средбата.
Исто така, младите претседатели беа согласни дека притисоците и сопките врз Специјалното јавно обвинителство мора да престанат, а граѓаните на оваа држава да ја дознаат вистината за Македонија и за тоа низ каков терор минуваат последните 10 години“, се вели во соопштението на ЛИДЕМ.