Лицата на кои им е лошо, можат без никаква дозвола да се упатат во болница

Од:

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на инфорнативанат видеосесија на Владата. Таа информираше дека кога некому му е многу лошо, а во тој случај времето е драгоцено, граѓаните нема да имаат потреба да се јавуваат на 192 нуту да бараат дополнителна дозвола за движење.

-Доволно е да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена ликација и точно да кажат во која болница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропушени, појасни Петровска.

Дополнително, рече таа, полицијата ќе изврши контрола преку систем дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злоупотребил полицискиот час ќе следат санкции.

Петровска на информативната сесија воедно појасни дека земјоделците кои извршуваат работи на нива во атарот на нивните села, нема да имаат потреба од дозвола за движење, додека пак ако земјоделската површина која треба да се обработуваат им е надвор од селото, можат преку Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство до Министерството за информатучко општество да побараат дозвола за движење за време на полициски час.

– Земјоделците во атарот на селото каде што живеат не му треба посебна дозвола, освен генералните препораки за забранте за движење на лица над 67 години и под 18 години, појасни Петровска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on