ЛГБТ Центар за поддршка: Хомофобичноста е поттикната од говорот на функционерите

Од:

На денешната прес конференција по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија и трансфобија, претставниците од ЛГБТ Центарот за поддршка, ЛГБТ Јунајтед, Коалицијата „Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници“ и ХЕРА говореа за моменталните состојби во Македонија поврзани со правата на ЛГБТ заедницата и растечката хомофобија.

Говорниците ја истакнаа присутноста на дискриминализацијата и стигматизацијата со кои се соочува ЛГБТ заедницата, кои често се поттикнувани од говорот на јавните функционери кој е заснован на предрасуди.

lgbt (2)

Тие го потенцираа говорот на Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски кој за една национална телевизија има изјавено дека: „хомосексуалците не можат да одгледуваат здрави деца“, по што поттикнал бројни медиумски прилози со хомофобичен дискрус.

Ирена Цветковиќ од Коалицијата за „Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници“ рече дека добра вест е што се повеќе се зголемува бројот на ЛГБТ активисти, а со тоа се зголемува и бројот на интерес за темата, но сепак лошата вест е дека оваа тенденција на видловост води кон зголемена хомофобија.

ЛГБТ Центарот за поддршка кој беше отворен во октомви 2012, се соочи досега со три напади, од кои еднаш по самото отворање, а потоа следел и обид да се запали Центарот.

gej

-Центарот беше исцртан со нацистичкото знаме и беше напишано Тремити, а потоа дознавме дека тоа всушност бил логорот каде во Втора Светска војна биле депортирани хомосексуалците“, објасни за А1он, Јована Ананиевска од ЛГБТ Центар за поддршка, велејќи дека моментално ситуацијата е смирена и немале немили настани и закани.

Ананиевска го претстави и Меморандумот на Регионалната мрежа против хомофобија чија што членка е и Македонија. Мрежата е основана во 2011. година од ЛГБТИК организации и иницијативи од Средниот Исток, Северна Америка, Балканскиот и Кавкаскиот регион, а има за цел да се бори против хомофобија, трансфобија, но и против сексизам, национализам , милитаризам како и религиозниот конзерватизам.

lgbt (1) -Но, ова се само обиди дали со физичко присуство или со симболичен обид преку билбордите полека да претендираме кон јавниот простор и јавната сфера која им припаѓа на сите“, изјави таа за А1он, објаснувајќи дека заради сите настани кампањата ја преместиле на социјалните мрежи, но не се откажуваат од јавниот простор. „Можеме да оставиме многу пораки во јавниот простор, без разлика кој медиум ќе се користи“, порача таа.

Државните институции треба да ги заштитат оние кои се маргинализирани, дискриминирани, навредувани и стигматизирани, рече Цветковиќ, додавајќи дека загрижувачки е фактот дека во Македонија дискриминацијата и дискриминаторската реторика произлегува баш од тие институции.

-Тоа е и апелот кој го упатуваме од оваа конференција. Државните инсититуции треба да се оние кои ќе бидат во првите борбени редови кога се работи за демократијата, еднаквоста и почитување на човековите права, порача таа.


Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он