ЛГБТ заедницата со транспарент на куќата на Есма – Постоиме и ќе постоиме!

Од:

Есма Реџепова со својата изјава за српски „Курир“ изрази големо разочарување обвинувајќи дека натпреварувањето го организираат луѓе блиски до геј заедницата, доби и одговор од истата заедница.

Одговорот дојде во вид на транспарент поставен на нејзината куќа на кој пишува „Есма, постоиме и ќе постоиме“.

Инаку Есма во изјава за весникот тврдеше дека зад Евровизијата стојат истите оние луѓе кои ги организираат геј-парадите ширум светот, додавајќи дека геј лобито е во фокусот, а нема ни трага од некогашната манифестација која своевремено посветено се следела.

– Ова е нечуено! Само пе..ри! Оваа манифестација ја организираат истите оние кои ги организираат геј парадите ширум светот. Јас досега слушав се и сешто, но ова е прв пат со свои очи да се уверам што се случува со ова некогаш прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што не поминавме, бидејќи се гледа кој овде оди понатаму – вели огорчената Есма.

Изјавата на Есма беше осудена и од невладината организација Цивил.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ