Извори од ЛГБТ јунајтед за А1он велат дека информацијата за „наводната“ геј парада, која од утре би требало да се одржува во Скопје не е точна.
За оваа дезинформација која од утрово се шири на веб страните, изворите за А1он од ЛГБТ јунајтед објаснуваат дека веста е објавена на 6 февруари, и дека новинарите не ги проверуваат информациите.
– Никој од нас не објавил дека ќе има парада во Скопје. Се што е пуштено во медиумите е неточно. Ќе почнеме постапка против новинарите за ширење дезинформации – изјавија од ЛГБТ јунтајтед.
Од таму брифираат дека нема да има никакви активности во следниот период, но дека се во прегорови со институциите, како и дека бараат барем една политичка партија која ќе ги поддржи нивните активности. На ова тие додаваат дека активностите кои биле планирани, се откажани поради нападите и заканите кон здруженијата и нивните членови.
Петар Клинчарски